Sunday, December 21, 2014

5.ЗАГАДУВАЧИ НА ВОДАТА

Како што знаеме водата во денешно време е доста загадена, како и постојаниот пораст на загадувањето што ја загадува човековата средина.
Најзначајни загадувачи на водата се:
а) пестициди, б) адиктиви, в) антибиотици, г) тешките метали,    д) радиоактивните материи, ѓ) отпадните води и др.
а) Пестицидите претставуваат селективни средства за уништување на штетниците (животни растенија) и опфаќаат:
инсектициди, фугициди, хероициди, бактерициди, антибиотици и акорациди.
Од овие видови најзначајни се: инсектицидите, хербицидите и антибиотиците. Инсектицидите и хербицидите во денешно време масовно се користат во земјоделството за уништување на разни животни-инсекти и разни видови на корови (хербициди). Со измивање на местото каде што се применуваат, доаѓаат во површината и подземната вода што ја спојуваат. Инстицидите можат да се дефинираат како природни и синтетички материи кои можат да се распаднат за некаде околу 96 часа.
б) Адиктивите претставуваат хемиски супстанции кои не се конзумираат како храна бидејќи воглавно се додаваат кај индустриското производство, на производи кои се составен дел на финалниот производ. Во адиктивите има присуство на одредени витамини (А,В,С,Д,Е), потоа минерални соли на калциум, железо јод и др. Повеќе адиктиви кои се употребуваат кај нас, се испитани врз основа на токсиколошките резултати и се безопасни за човековото здравје, но конечниот статус на овие бактерии не зависи од нивната мала токсичност, како во количини во кои како составен дел на некој продукт нема да го померат нормалниот метаболизам на останатите хранливи супстанции. Опасноста постои преку примена на прекумерни количини на адиктиви во концентратите на разни пијалоци и употреба на вода која во себе содржи голем процент на адиктиви. Ако се внесат прекумерно адиктиви во организмот доаѓа до парализа на нервниот систем.
в) Антибиотиците покрај тоа што служат за лечење на луѓето и животните тие имаат и негативна улога во смисла на создавање на одредени тешкотии во снабдувањето со вода. Загадувањето со антибиотиците е доста испитувано и се дошло до одредени заклучоци за дозволени дози на некои видови на антибиотици во водата. Ако во човековото тело има зголемени дози на антибиотици доаѓа до алергија, крупни промени во телото на келиите, промени во сржта на коските и некои хематолошки промени.
г) Тешките метали (жива, олово, селен, бакар, арсен) и др., поради нивната токсичност се доста опасни загадувачи на водата во природата. Живата е еден од најопасните елементи доколку се најде во организмот на човекот го напаѓа мозокот, предизвикувајќи при тоа парализа, слепило, може да дојде до лудило и до дефекти кај новороденчињата.
Селенот има негативна улога во етиологијата на мускулатурата. Оловото во организмот предизвикува парализа на нервниот систем и работата на виталните органи.
Арсенот штетно влијае на нервниот систем, стомачните органи и предизвикува стомачни болести.
Микроорганизмите се многу штетни по здравјето на човекот, бидејќи предизвикуваат тешки болести (дезинтерија, стомачен тифус).
Патогените организми се штетни за здравјето нха човекот. Квалитетот на водата во бактериолошка смисла мора постојано да се се прегледува кога е во прашање водата за пиење, припрема за храна, хигиенска и радиоактивна употреба.
д) Радиоактивни материи- во природата се појавуваат како природни и вештачки изотопи. Ги има во сите води, а количеството и се менува од случај во случај од ден на ден. Радиоактивните материи кои се внесуваат во организмот преку водата, храната , воздухот и преку повредената кожа можат да бидат: Алфа, Бета и Гама емитери. Алфа емитерите при надворешно означување не се опасни, бидејќи малку се продорни, а при внатрешно озрачување тие се опасни поради големата способност за јонизација на околните ткива. Бета зрачењето е опасно при надворешно озрачување, бидејќи продираат длабоко во кожата, така при големи дози се појавува црвенило па дури и рак на кожата. При гама зрачењето поради нивната опасност е исто како внатрешното и надворешното озрачување.
ѓ) Отпадните води денес се најголемите загадувачи на водата во природата, а пред се на површинската вода. Спрема начинот на загадување, отпадната вода може да се подели на три основни видови:
-           Отпадна вода од населбите;
-           Дождовна вода;
-           Индустриска отпадна вода.
Отпадната вода од населбите настанува од употребената вода од објектите (умивалници, бањи, машини за перење, клозети и др.), оваа отпадна вода содржи минерални и органски материи кои во неа се наоѓаат како суспендирани, колоидни и растворени материи.
Дождовната вода кога влегува во канализацијата станува загадена. Таа се загадува уште кога поминува низ воздушните слоеви над населбите и индустриските објекти, бидејќи тие редовно содржат различни видови отпадни гасови, поголема количина на чад.
Кога поминува низ воздухот водата е загадена и паѓа на земјата. Кога тече во земјата се повеќе се загадува од нечистотии, животински отпадоци, прашина и др. За првите 10-15 минути се смета дека дождовната вода е загадена во толкава мера што не може да се употрбува.

Индустриската отпадна вода има големи количини на хемиски соединенија, разни минерални материи и др. нивната загаденост зависи од видот на индустриското производство и потрошувањето на водата за соодветен индустриски процес. Најопасна е отпадната вода која се испушта од фабриките за хартија, кожа, целулоза, текстил, хемиската индустрија и др. Како едно од масовните загадувачи на водата се јавуваат и детергентите, нафтата и нафтените деривати, а нивното неконтролирано пуштање во површинската вода, реките, морињата доаѓа до уништување на животинскиот и растителниот свет. За да се спречи загадувањето на водата и околината главен фактор треба да биде човекот со својот однос кон природата  за еколошка средина. Со вклучувањет на секој човек во еколошките друштва, добиваме “здрав дух чиста средина”.

No comments:

Post a Comment