Sunday, December 21, 2014

4. РАДИОЛОШКИ СВОЈСТВА

Водата во природата содржи релативно мали, но мерливи количини на радиоактивни изотопи. Проблемот на радиоактивноста на водата во природата не би бил толку актуелен, ако ги нема сепобројните експерименти со нуклеарно оружје кои во значителна мера, влијаат на зголемувањето на радиоактивноста на водата. Меѓутоа и без тие експерименти водата во природата е контролирана со радиоактивнои материи независно од човековата активност. Радиоактивните материи (ураниум, радиум, ториум) се наоѓаат расеани во седиментните, а исто така и магматските и метаморфни карпи. Степенот на радиоактивноста на водата зависи од многу фактори:

- видот на содржината на радиоактивните елементи во просторот низ кои водата поминува, положбата на водата во просторот и слично. Во водата  се наоѓаат и вештачки радиоактивни изотопи, настанати во многу нуклеарни центри или при експериментални нуклеарни експлозии. Оттука можеме да заклучиме покрај природните радиоактивни изотопи во водата можат да се најдат и радиоактивни изотопи како резултат на активноста на човекот.

No comments:

Post a Comment