Sunday, December 21, 2014

3. БИОЛОШКИ СВОЈСТВА

Биолошките својства на водата зависат од видот и бројот на бактериите кои се наоѓаат во неа. Нема природна вода, која во себе не содржи бактерии. Бројот на бактериите не е во водата секогаш ист. Тој се менува и зависи од многу фактори: видот на водата, нејзиното потекло, степенот на можноста за загадување, видовите објекти и слично. во водата можат да се најдат и потопени организми кои што предизвикуваат болести. Има бактерии кои што предизвикуваат цревни зарази (колера, дизентерија паратифус) кои доаѓаат во водата од човековите излачевини (изметот и мокрачата). Можат да се најдат бактерии кои предизвикуваат сточни зарази (антракс, бруцелоза). Во површинските води бројот на бактериите е поголем одошто во подземните води. Но, бактерии во подземните води може да се најде само кога површинската вода продре во земјата, а потоа да не се изврши природно филтрирање. Кога се исцедува површинската вода низ земјиштето, бројот на бактериите се зголемува во првата фаза, но ако земјиштето добро процедува само на 1м. длабочина бројот на бактериите ќе биде помал, а на длабочина на 2-4 м. водата ќе биде практично стерилна. Водата која е неисправна во бактериолошки поглед може да се дезинфицира.

1 comment:

  1. How to Make Money at Work | How to Make Money at Home
    When I start, I'll go over how to do moneymaking, the หารายได้เสริม process goes along the way. When you're starting to make a living with online casinos,

    ReplyDelete