Потребната количина на вода од ден на ден се повеќе се зголемува. Тоа
зголемување произлегува од постојаното зголемување на населението, енормниот
развој и напредок на индустријата, која во сите свои процеси бара големи количини
на вода, и интензивно нејзино користење за наводнување на житните и други
земјоделски култури, кои не би можеле да се замислат без додавање на поголеми
количини на вода. Денес сосма е јасно и евидентно дека водата е предмет на
трудот средство за работа, животна намирница и енергија, а додека нејзиниот
недостаток е детерминантен фактор во стопанскиот развој, водата постепено го
зазема она место кое по своето значење и припаѓа. Човекот не може без вода да
го замисли својот живот. тоа го покажале бројни примери, кога одделни населени
места останале за подолго време без здрава вода за пиење. Ако ги споредиме
животните елементи по својата важност тогаш скалата би се класифицирала на
следниот начин: воздух, вода, храна, па според тоа организмот најмалку може да
издржи без воздух, без вода, а најмногу без храна.
Sunday, December 21, 2014
1. ВОДАТА И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ
2. ХЕМИСКИ СВОЈСТВА
Хемиските својства на водата зависат од видот и количината на
растворените органски и неоргански материи и од колоидните супстанции и гасови
кои се присутни во неа.
Чиста вода во природа не се
наоѓа. водата додека се наоѓа уште во атмосферата апсорбира гасови и ги
раствара, а потоа како површинска раствара голем број на материи и ги носи во
морињата и езерата или понира во подземјето. Кога продира во земјата, водата
доаѓа во допир со минерални честици и се обогатува со минерални супстанции.
Водата во која мера ќе биде минерализирана зависи од многу фактори:
видовите и потеклото, температурата, брзината на движењето и др. Степенот на
минерализацијата на водата е одреден од количината на растворените минерални
соли во неа. Во некои подземни води докажано е дека можат да бидат содржани и
до 45% позитивни хемиски елементи на земјата. Јаглеродниот диоксид (ЦО ) е
значаен за водата бидејки и дава освежителен вкус. Во водата може да се најде
како врзана, полуврзана и слободна јаглеродна киселина. Врзаната јаглеродна
киселина е цврсто врзана за карбонатите и зависи од тврдината на водата.
Полуврзаната киселина е врзана со бикарбонатите и при загревање се губи. Слободната
јаглеродна киселина е растворена во вода во вид на гас и хидрат. Водата која во
себе содржи големо количество на јаглена киселина е минерална вода. Во секоја
вода има хлор, обично помалку од 30 мгр./л. Ако се зголемува степенот на
минерализација се зголемува и количината на хлор. Хлорот во водата потекува од
хлоридите. Во водата можат да се најдат уште и измети од човекот и стоката како
и други отпадни материи, како би тогаш водата била загадена. Литар на вода не
смее да содржи повеќе од 250 мг. Хлор ако има повеќе од таа количина водата
добива солен вкус. Оловото ретко се наоѓа во природната вода. Најчеста причина
за појава на олово во водата се водоводните цевки, резервоари и др. водоводни
инсталации градени од олово. Оловните раствори во водата се опасни за луѓето.
Природната вода во себе содржи често кислород, меѓутоа во големи количини не го
нарушува квалитетот на водата за пиење, меѓутоа овозможува корозирање на
металните цевоводи и резервоари. Процесот на корозијата се забрзува со
зголемување на температурата и забрзувањето на течењето на водата. Тврдината на
водата ја сочинуваат: карбонатната и непролозната тврдост.
3. БИОЛОШКИ СВОЈСТВА
Биолошките својства на водата зависат од видот и бројот на бактериите кои
се наоѓаат во неа. Нема природна вода, која во себе не содржи бактерии. Бројот
на бактериите не е во водата секогаш ист. Тој се менува и зависи од многу
фактори: видот на водата, нејзиното потекло, степенот на можноста за
загадување, видовите објекти и слично. во водата можат да се најдат и потопени
организми кои што предизвикуваат болести. Има бактерии кои што предизвикуваат
цревни зарази (колера, дизентерија паратифус) кои доаѓаат во водата од
човековите излачевини (изметот и мокрачата). Можат да се најдат бактерии кои
предизвикуваат сточни зарази (антракс, бруцелоза). Во површинските води бројот
на бактериите е поголем одошто во подземните води. Но, бактерии во подземните
води може да се најде само кога површинската вода продре во земјата, а потоа да
не се изврши природно филтрирање. Кога се исцедува површинската вода низ
земјиштето, бројот на бактериите се зголемува во првата фаза, но ако земјиштето
добро процедува само на 1м. длабочина бројот на бактериите ќе биде помал, а на
длабочина на 2-4 м. водата ќе биде практично стерилна. Водата која е неисправна
во бактериолошки поглед може да се дезинфицира.
4. РАДИОЛОШКИ СВОЈСТВА
Водата во
природата содржи релативно мали, но мерливи количини на радиоактивни изотопи.
Проблемот на радиоактивноста на водата во природата не би бил толку актуелен,
ако ги нема сепобројните експерименти со нуклеарно оружје кои во значителна
мера, влијаат на зголемувањето на радиоактивноста на водата. Меѓутоа и без тие
експерименти водата во природата е контролирана со радиоактивнои материи
независно од човековата активност. Радиоактивните материи (ураниум, радиум,
ториум) се наоѓаат расеани во седиментните, а исто така и магматските и
метаморфни карпи. Степенот на радиоактивноста на водата зависи од многу
фактори:
- видот на
содржината на радиоактивните елементи во просторот низ кои водата поминува,
положбата на водата во просторот и слично. Во водата се наоѓаат и вештачки радиоактивни изотопи,
настанати во многу нуклеарни центри или при експериментални нуклеарни експлозии.
Оттука можеме да заклучиме покрај природните радиоактивни изотопи во водата
можат да се најдат и радиоактивни изотопи како резултат на активноста на
човекот.
5.ЗАГАДУВАЧИ НА ВОДАТА
Како што знаеме водата во денешно време е доста загадена,
како и постојаниот пораст на загадувањето што ја загадува човековата средина.
Најзначајни
загадувачи на водата се:
а) пестициди, б)
адиктиви, в) антибиотици, г) тешките метали,
д) радиоактивните материи, ѓ) отпадните води и др.
а) Пестицидите
претставуваат селективни средства за уништување на штетниците (животни
растенија) и опфаќаат:
инсектициди,
фугициди, хероициди, бактерициди, антибиотици и акорациди.
Од овие видови
најзначајни се: инсектицидите, хербицидите и антибиотиците. Инсектицидите и
хербицидите во денешно време масовно се користат во земјоделството за
уништување на разни животни-инсекти и разни видови на корови (хербициди). Со
измивање на местото каде што се применуваат, доаѓаат во површината и подземната
вода што ја спојуваат. Инстицидите можат да се дефинираат како природни и
синтетички материи кои можат да се распаднат за некаде околу 96 часа.
б) Адиктивите
претставуваат хемиски супстанции кои не се конзумираат како храна бидејќи
воглавно се додаваат кај индустриското производство, на производи кои се
составен дел на финалниот производ. Во адиктивите има присуство на одредени
витамини (А,В,С,Д,Е), потоа минерални соли на калциум, железо јод и др. Повеќе
адиктиви кои се употребуваат кај нас, се испитани врз основа на токсиколошките
резултати и се безопасни за човековото здравје, но конечниот статус на овие
бактерии не зависи од нивната мала токсичност, како во количини во кои како
составен дел на некој продукт нема да го померат нормалниот метаболизам на
останатите хранливи супстанции. Опасноста постои преку примена на прекумерни
количини на адиктиви во концентратите на разни пијалоци и употреба на вода која
во себе содржи голем процент на адиктиви. Ако се внесат прекумерно адиктиви во
организмот доаѓа до парализа на нервниот систем.
в) Антибиотиците
покрај тоа што служат за лечење на луѓето и животните тие имаат и негативна
улога во смисла на создавање на одредени тешкотии во снабдувањето со вода.
Загадувањето со антибиотиците е доста испитувано и се дошло до одредени
заклучоци за дозволени дози на некои видови на антибиотици во водата. Ако во
човековото тело има зголемени дози на антибиотици доаѓа до алергија, крупни
промени во телото на келиите, промени во сржта на коските и некои хематолошки
промени.
г) Тешките метали
(жива, олово, селен, бакар, арсен) и др., поради нивната токсичност се доста
опасни загадувачи на водата во природата. Живата е еден од најопасните елементи
доколку се најде во организмот на човекот го напаѓа мозокот, предизвикувајќи
при тоа парализа, слепило, може да дојде до лудило и до дефекти кај
новороденчињата.
Селенот има
негативна улога во етиологијата на мускулатурата. Оловото во организмот
предизвикува парализа на нервниот систем и работата на виталните органи.
Арсенот штетно
влијае на нервниот систем, стомачните органи и предизвикува стомачни болести.
Микроорганизмите
се многу штетни по здравјето на човекот, бидејќи предизвикуваат тешки болести
(дезинтерија, стомачен тифус).
Патогените
организми се штетни за здравјето нха човекот. Квалитетот на водата во
бактериолошка смисла мора постојано да се се прегледува кога е во прашање
водата за пиење, припрема за храна, хигиенска и радиоактивна употреба.
д) Радиоактивни
материи- во природата се појавуваат како природни и вештачки изотопи. Ги има во
сите води, а количеството и се менува од случај во случај од ден на ден.
Радиоактивните материи кои се внесуваат во организмот преку водата, храната ,
воздухот и преку повредената кожа можат да бидат: Алфа, Бета и Гама емитери.
Алфа емитерите при надворешно означување не се опасни, бидејќи малку се
продорни, а при внатрешно озрачување тие се опасни поради големата способност
за јонизација на околните ткива. Бета зрачењето е опасно при надворешно
озрачување, бидејќи продираат длабоко во кожата, така при големи дози се
појавува црвенило па дури и рак на кожата. При гама зрачењето поради нивната
опасност е исто како внатрешното и надворешното озрачување.
ѓ) Отпадните води
денес се најголемите загадувачи на водата во природата, а пред се на
површинската вода. Спрема начинот на загадување, отпадната вода може да се
подели на три основни видови:
- Отпадна вода од населбите;
- Дождовна вода;
- Индустриска отпадна вода.
Отпадната вода од
населбите настанува од употребената вода од објектите (умивалници, бањи, машини
за перење, клозети и др.), оваа отпадна вода содржи минерални и органски
материи кои во неа се наоѓаат како суспендирани, колоидни и растворени материи.
Дождовната вода
кога влегува во канализацијата станува загадена. Таа се загадува уште кога
поминува низ воздушните слоеви над населбите и индустриските објекти, бидејќи
тие редовно содржат различни видови отпадни гасови, поголема количина на чад.
Кога поминува низ
воздухот водата е загадена и паѓа на земјата. Кога тече во земјата се повеќе се
загадува од нечистотии, животински отпадоци, прашина и др. За првите 10-15
минути се смета дека дождовната вода е загадена во толкава мера што не може да
се употрбува.
Индустриската
отпадна вода има големи количини на хемиски соединенија, разни минерални
материи и др. нивната загаденост зависи од видот на индустриското производство
и потрошувањето на водата за соодветен индустриски процес. Најопасна е
отпадната вода која се испушта од фабриките за хартија, кожа, целулоза,
текстил, хемиската индустрија и др. Како едно од масовните загадувачи на водата
се јавуваат и детергентите, нафтата и нафтените деривати, а нивното
неконтролирано пуштање во површинската вода, реките, морињата доаѓа до
уништување на животинскиот и растителниот свет. За да се спречи загадувањето на
водата и околината главен фактор треба да биде човекот со својот однос кон
природата за еколошка средина. Со
вклучувањет на секој човек во еколошките друштва, добиваме “здрав дух чиста
средина”.
Subscribe to:
Posts (Atom)